Најголемиот хит „Због једне дивне црне жене“, Кичо Слабинац го посвети на љубовницата на познат српски пејач

Најголемиот хит „Због једне дивне црне жене“, Кичо Слабинац го посвети на љубовницата на познат српски пејач

Објавена во: Живот // Живот

Песната е отпеана на жената со чија убавина многумина беа воодушевени, а беше созадена во авион...

Крунослав Кичо Слабинац почина утрово, на 13 ноември 2020 година, на 77 - годишна возраст.

Познатиот пејач ја загуби битката за својот живот во 6:50 часот, во болничката соба во загребскиот КБЦ, каде лежеше три месеци.

Засекогаш ќе остане запаметен неговиот хит, а веројатно и најголемиот - „Због једне дивне црне жине“, кој крие посебна приказна.

Имено, Кичо песната ја напишал за време на летот од Америка од Загреб.

Во далечната 1972 година беше на турнеја во Соеднинетите Американски Држави и таму случајно ја запознал, како што самиот опишал „убавата црнокоса девојка“.

Сепак, тој набрзо се врати во својата татковина, по што следуваше голем копнеж кој Кичо го чувствувал поради црнокосата девојката.

А, црнокосата девојка е жената која јавноста денес ја познава како некогашна љубовница на Мирослав Илиќ, со која пејачот го има синот Девин. Мирјана Антоновиќ тогаш живеела во Америка, каде што се преселила, откако избегала од родниот Белград во Австрија.

„Во Њујорк запознав една убава жена, по потекло од нашите простори. Таа седеше во Кадилак, со шал околу вратот. Беше љубов на прв поглед. Имав големи планови со неа. На концертите ја седнував во првиот ред, стоев пред неа и пеев зсамо за неа. Бев толку фанциниран. Верував дека ќе трае вечно. Излезе дека таа не сакала да дојде овде, а и јас не можев да останам таму. Таа најде друг и ме остави. Врската од моја страна беше чесна и искрена“ - своевремено кажа Слабинац.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: