Најлошата фризура во историјата е повторно во тренд: Беше култна во 80 - тите и ја носеа скоро сите жени

Најлошата фризура во историјата е повторно во тренд: Беше култна во 80 - тите и ја носеа скоро сите жени

Објавена во: Мода // In and Out

Годината на глобалното „заклучување“, изгледа дека е година на враќање на трендовите од 80 - тите...

Ретко која жена ќе замине на фризер со желба да скрати косата и да ја т.н. фризура „фудбалерка“ - една од најлошите фризури во историјата, која одеднаш повторно ја носат големи sвезди.

Високо на листата на фризури што треба да останат во минатото е дефинитивно оваа. Се чини дека само Џо Егзотик и ликот од Симпсонови ја носат оваа фризура, но на многу познати жени тоа необјасниво им се допадна.

Станува збор за фризура која била особено популарна во 80 - тите години на минатиот век, а кај нас најмногу се поврзува со германските фудбалери кои сакале да ја носат, па оттука е и нејзиното име.

Карактеристично за оваа фризура е тоа што е кратка од предната и подолга од задната страна, а една фризерка за „Insider“ изјави дека овој тренд веројатно никогаш нема да исчезне и дека, за изненадување на многумина, има се повеќе поддржувачи. И покрај тоа што порано претежно ја носеа мажите, се чини дека овојпат ја носат жени, барем судејќи според sвездите како Ријана, Мајли Сајрус и Мејси Вилијамс.



Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: