„Најлошата мајка“ објави фотка од синот кој е копија на татко му: Има само една година, а самиот ќе одбере дали е момче или девојче

„Најлошата мајка“ објави фотка од синот кој е копија на татко му: Има само една година, а самиот ќе одбере дали е момче или девојче

Објавена во: Совети // Семејство

Познатата манекенка Емили Ратајковски го прослави првиот роденден на синот и објави неколку фотографии на Инстаграм...

Пред само една година, Емили Ратајковски на свет го донесе синот Силвестер, кој пред неколку дена го прослави својот прв роденден.

Емили Ратајковски покрај неколкуте фотографии од бременоста, сподели и фтогорафија од преслаткиот син. И додека мајката е фатална бринета, момчето има руса коса, исто како татко му.

Гордата мајка во описот на фотографијата напиша: „Среќен роден Слај. Среќен ден за мене“.

За потсетување, на 11 март 2021 година, Емили на Инстаграм откри дека добила син со режисерот Себастијан Бер-Меклирд (39).

„Силвестер Аполо Бир ни се придружи на земјината топка. Сли пристигна на 8 март 2021 година, во најнереалното, најубавото и најљубовното утро во мојот живот“ - напиша манекенката во описот на фотографијата на која го дои својот син.

Емили Ратајковски минатата година привлече големо внимание по интервјуто за магазинот „Вог“ во кое откри дека не сака да врши родов притисок врз синот, туку ќе го воспита да ја преземе родовата улога што ја сака - момче, девојче или што и да посака.

„Не сакам да го принудувам детето од раѓање, бебињата треба да се остават сами. Јас ќе бидам родител кој ќе му дозволи на моето дете да биде што сака. Сакам тој сам да избере што е неговото место на ова планета. Не сакам да биде под притисок. Општество што ќе му каже каков пол е, пред да прозбори“ - рекла Емили.

Актерката судбоносно „ДА“ изговори во февруари 2018 година. За време на бременоста, таа беше многу активна на Инстаграм и објавуваше како и минуваат месеците во блажената состојба.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: