Најлоши бои за одржување: Што треба да знаеш пред да се одлучиш да ја обоиш косата?
Нема грешка која не може да се поправи кога е во прашање бојадисувањето на косата, но нема никаква потреба да дојде до тоа...
Промената на бојата на коса изгледа како ситница без која не се може, но има многу работи кои можат да тргнат во погрешен правец. Иако секоја од грешките може да се исправи, некои не може да се поправат веднаш. А, постојат и неколку работи кои треба да ги знаеш, а се однесуваат на подготовката пред да одиш кај твојот фризер и последиците потоа.
# Пред 100% да си сигурна дека сакаш да фарбаш косата, размисли дали тоа е навистина добра идеја
Размисли дали си подготвена за тоа и дали сакаш често да одиш кај фризерот за да ја поправиш бојата? Доколку немаш време и пари за ова, подобро е да почекаш, бидејќи косата со голем израсток, сосема е сигурно дека нема да изгледа убаво. Зависно од тоа колку си храбра и подготвена на промени, бирај ја бојата.
# Наједноставно за одржување е balayage
Доколку сакаш да се фарбаш, но не си подготвена да одиш на фризер секој месец, balayage е добра опција. Не е голема промена, но ќе ја освежиш својата природна коса и ќе и дадеш нешто ново. Ќе изгледаш поинаку, но и понатаму ќе ја имаш својата природна коса. Фризерите тврдат дека е во ред и скеој 6 до 12 месеци да ја освежуваш, а косата нема да ти се оштетува.
# Најтешки за одржување се: црвените и портокаловите нијанси
Доколку за првпат ја менуваш бојата на коса, ова не се препорачува како прва боја која сакаш да ја имаш. Освен што се добива потешко и што е тешка за одржува, исто така тешко можеш да се „спасиш“ од неа кога ќе ти здодее, поради силниот црвен пигмент.
# Доколку договараш термин на фризер, ЗАДОЛЖИТЕЛНО распрашај се за цените
Тешко дека фризерката ќе може точно да ти каже колку ќе чини, но некоја цена ќе може да ти даде. Истата се разликува од салон до салон, бидејќи секој користи свои производи и има свои методи. Зависно од тоа колкав ти е буџетот, ќе го одбереш салонот.
# Носи фотографија со себе
Некогаш може да дојде до недоразбирање, бидејќи нешто што ти го сметаш за пример за „црвена коса“, твојата фризерка не го смета така. Затоа за да не излезеш незадоволна од салон, со себе носи фотографија од тоа како сакаш да изгледаш.
# Имај ја на ум твојата боја на кожа
Само затоа што некоја боја на коса и стои добро на Ријана, не значи дека и тебе ќе ти стои. Доколку не си сигурна која боја добро ќе ти стои, прашај го твојот фризер, а вистинскиот професионалец ќе може без проблем да ти помогне.
# Можно е веднаш да не ја добиеш посакуваната боја
Понекогаш промената на боја на коса не може да биде направена со еден третман и ќе треба да одиш на фризер неколку пати за да ја добиеш бојата која ја имаш замислено. Секој има различна коса и не важат истите правила за сите.
# Фарбањето може малку да ја уништи косата
Нека не те плаши ова, бидејќи со добар третман по фарбањето, косата може и понатаму да ти изгледа одлично. Добрите и квалитетни производи, како и нивното редовно користење, се клуч за убава коса.
# Бојата со текот на времето ќе ти бледее
Зависно од боите, некои подолго ќе издржат, а некои пократко. За бојата да ти биде поинтензивна и долготрајна, помага користињето на шампонот за фарбана коса, а можеш да го најдеш во секоја продавница и да го откриеш оној што е најдобар за твојата коса.
# Базенот може дополнително да ти ја уништи косата
Хлорот кој се наоѓа во водата во базенот не е пријател на фарбаната коса. Затоа доколку се занимаваш со пливање, имај го ова на ум. За да го спречиш ова, се препорачува пред да одиш на базен, дома на косата да ставиш маска за фарбана коса.