Најлоши земјотреси кои го погодија Балканот: Најразорниот беше пред 40 години, а еден избриша цело население од јадранскиот бисер
Иако без никаква поголема штета, вчерашниот земјотрес ги потресе жителите на нашата држава. Но, за разлика од овој низ историјата, Балканот се соочил со многу стравични земјотреси, а последен во низата беше оној кој минатата година ја погоди Албанија.
Земјотресите кои ги погодија Скадар, Скопје, Бања Лука, Бар, Улцињ, Котор, Херцег Нови, Ваљево, Краљево се само дел од оние кои може да му се приклучат на земјотресот во Албанија, но да почнеме со ред.
# Дубробник (1667 година) - 7,4 Рихтер
Фактот е дека крајбрежните области се подложни на земјотреси поради раседите што постојат во морињата. Дубровник во својата историја забележа повеќе од илјада земјотреси. Првиот земјотрес со катастрофални последици бил во 1520 година. Најсилен бил оној од 6 април 1667 година, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, кога животот го загубија околу 5.000 луѓе, што било околу 80% од жителите на Дубровник.
# Скадар (1905 година) - 6,6 Рихтер
Земјотер со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го уништи северозападниот дел на Албанија и југозападниот дел на Црна Гора. Точниот број на жртви не е познат, но според извештајот и пишувањето на медиумите во Црна Гора во тоа време, целиот јадрански бред се тресел и скоро па и да немало град во кој барем една куќа не се срушила.
# Скопје (1963 година) - 6,1 Рихтер
Во земјотресот кој се случи на 26 јули 1963 година настрадаа 1.070 граѓани, а најмалку 3.000 беа повредени, од кои 1.200 останаа инвалиди. Струшени беа 15.800 станови, а оштетени 28.000. Без покрив над глава останаа околу 200.000 луѓе. Катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала се почувствува на 50.000 километри квадратни. Во земјотресот беа уништени помеѓу 75 и 80 % од градбите. Долж долината на Вардар исчезнаа стариот театар, Домот на војската, зградата на Народната банка, хотели и гостилници. Неколку децении подоцна на часовникот кај старата железничка станица, сказалките на часовникот стојати покажуваат 5:17 часот, што е точното време на трагедијата. Тука сега е сместен музејот на град Скопје. Пораката која Тито ја даде по разорниот земјотрес е поставена е во 1974 година во музијот во Старата железничка станица која тогаш беше многу оштетена и подоцна истата беше конзервирана во таа состојба. „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помош на целата заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“ - гласи пораката на Тито.
# Бања Лука (1969 година) - 6,0 Рихтер
Во 1969 година, Бања Лука ја погоди земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, кој се случи на 27 октомври. Започна „претходниот удар“, вечерта на 26 октомври во 2:55 часот, а тресењето на земјата продолжи до 8:53 часот. Земјотерот се случил во 16:35 часот. Хипоцентарот беше на 20 километри од градот. Посполно беа уништени 86.000 станови, големи штети беа нанесени на училиштата, културните, здравствените и социјалните и објектите на јавната администрација. Како сеќавање на тој настан, на плоштадот Крајине е поставен споменикот „крив часовник“, чии сказалки го покажуваат времето кога се случил земјотресот.
# Црна Гора (1979) - 7,0 Рихтер
Официјално, ова е најсилниот земјотрес на територијата на Балканот во модерното време, чии последици се санирале скоро цела деценија подоцна. Земјотресот кој се случил на 15 април 1979 година во 6:19 часот бил со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот на наоѓал во Јадранското море, помеѓу Улцињ и Бар, на оддалеченост од 15 километри од крајбрежјето. Во овој земјотрес животот го изгубија 101 жител на Црна Гора и 35 жители на Албанија, додека без покрив над глава останаа над 100.000 луѓе.