Најлудите барања на светските ѕвезди на концерти: Бараат розова тоалетна хартија, шишиња со кислород...
Џенифер Лопез, Мараја Кери, Мадона, се само некои од имињата кои бараат невозможни работи...
Светските sвезди живеат на висока нога, навикнати се на луксуз, околу нив трча цел тим на луѓе, а кога треба да настапат некаде, нивните барања, изгледа дека се удвојуваат. Претежно се популарни листите во кои се бара исполнување на желби кои се несфатливи од гледна точка на една „обична“ личност. Покрај приватни авиони, светските sвезди бараат и тоалетна хартија во посебна боја, мебел, специјална храна, миризливи свеќи со специјални миризливи ноти, па дури и домашни миленици.
# Бијонсе
Една од највлијателните пејачки на денешницата бара типична храна од југот на САД, која вклучува пилешко, боранија и спанаќ. Чаршафите за маса мора да бидат бели, а температурата во просторијата каде што престојува пред концертот мора да биде точно 25 степени. Секогаш и требаат четири крпи (две за тело и две за лице), пакет вода, од кои половина мора да биде ладна, а другата половина на собна температура. Неопходни и се и миризливи свеќи од роза, запалка за нив, ЦД-плеер и парчиња лимон.
Бијонсе, на пример, бараше титаниумски цевки за концертот во лондонската О2 арена, по цена од 600 фунти, како и ледени топки со мраз за да го освежи грлото.
# Канје Вест
Сопругот на Ким Кардашијан инсистира во неговата гардероба да има столче како оние во фризерските салони, како и гумени влечки за туширање. Потребни му се и лабело од марката Кармекс, јогурт, гуми за џвакање, зачинети сосови и чепкалки за заби. Кога станува збор за алкохолот, Канје има јасно дефинирани фаворити: вотка Абсолут, текила Патрон Сребрена и пиво Хајнекен.
# Лејди Гага
Гага важи за една од најпопуларните пејачки на денешницата, што на некој начин и дозволува да бара блендери, две шишиња бело вино од Кендал Џексон или Роберт Мондави и цело пакување цевки. Неопходно е да имате канцелариски стол во гардеробата, телевизор со кабелска и ДВД плеер, како и четири свеќи кои не смеат да бидат миризливи.
Нејзините омилени чаеви се зелениот и чајот од ѓумбир, а ги консумира со додавање на мед. Кога станува збор за храна, потребно е да се обезбеди чинија со сирење и крекери, како и мешавина од сезонски овошја чија кора мора да се јаде. Цитрусите се исто така опција.
# Џеј Зи
Познатиот рапер се чини дека е поголема дива од неговата сопруга Бијонсе. Тој има потреба од простор со седум соблекувални, во кои температурата мора да биде 22 степени, а секоја соба мора да има двосед и софа. Кога станува збор за храната, неговото мени мора да содржи путер од кикирики, џем и витаминска вода.
Раперот претпочита Кока-Кола и Ред Бул. Покрај тоа, два пакета „Fiji“ вода, од кои половина треба да биде ладна, а половина на собна температура. Исто како Бијонсе.
# Џеј Ло
За време на една турнеја, пејачката побара целата соблекувална да биде бела, цвеќињата, масите, свеќите и софите да бидат бели, додека кетерингот, освен пијалоците, да не бидат во соблекувалната. Од овошје, во нејзината соба треба да има, меѓу другото, манго, папаја, грозје, дињи, лубеница, чиколадни колачиња, пита со јаболка, брауни и сладолед од ванила.
Што се однесува до пијалоците, организаторите мора да и обезбедат вода „Evian“ на собна температура и никако не смее да има сок од јаболка, грозје или домати. ЦД-плеер и телевизор мора да има во секоја просторија, без исклучок. Меѓу другото, едно од лудите барања на ЈЛО е нејзините помошници да го мешаат кафето во насока спротивно од стрелките на часовникот.
# Мараја Кери
Од сите досега наведени Мајари, се чини дека е можеби најсложена. Имено, таа бара тоалетната хартија што ја користи да биде во одредена розова нијанса. Таа исто така побарала на еден нејзин настап да има шампањ „Кристал“, сервис за чај за осум луѓе, прочистувачи на воздухот, мало куче и мачиња и нешто што ќе ве натера да паднете ако не седнете - специјален придружник кој би ѝ ги фрлал гумите за џвакање.
# Ријана
За време на една од своите турнеи, таа побарала нејзината соблекувална да биде осветлена со свеќи, полна со цвеќиња, како и да има долг кауч, но не направен од кожа, туку да има „ледено сино ќебе“. Таа исто така побарала еден куп брза храна.
# Мадона
Неспорната кралица на попот бара шишиња со кислород и маска за дишење пред нејзините концерти. Потребни ѝ се и посебни простории за неа и за децата, кои секако не смеат да бидат климатизирани. Исто така е лудо дека едно од барањата е најдобрите лекари да дежураат во локалните болници во местото каде што та настапува во текот на вечерта.
Зад сцената секогаш треба да има две комплетно опремени простории со бањи, едната за неа, а другата за децата. Пушењето е строго забрането во просториите каде што престојува и потребни ѝ се 150 мали и 300 големи крпи. Кога станува збор за храна, за истата секогаш се грижи нејзиниот личен готвач, кој ја придружува на турнеите.