Најлудите работи кои познатите ги направиле поради љубов: Вакви гестови немојте да очекувате од своето момче
Ова е чекор напред, но не во љубовта, туку во лудоста...
Сѐ што прават познатите, го прават „over the top“. Имаат можност за тоа, а и мораат на некој начин да ја забавуваат и задржат својата публика. Па, макар и лудите гестови да се во прашање.
Наскоро се приближува денот на Вљубените, а за оние кои се во врска тоа значи и потрага по некој сладок подарок за момчето или девојката. Некогаш тој подарок не мора да биде нешто материјално, туку некој романтичен гест. Таквите подароци се секогаш најдобри. Овие познати личности на луд начин се решија на своите партнери да им покажат колку ги сакаат. Нивните гестови се апсолутно „over the top“, а ова се најлудите и најбизарните. Поради љубовта луѓето се подготвени на многу работи, а особено познатите. Во продолжение се 8 најлуди работи кои ги направиле токму поради љубов, пишува Buzzfeed.
# Машин Ган Кели го дизајнираше вереничкиот прстен за Меган Фокс, кој создава болка кога ќе се извади од прстот. Иако прстенот изгледа многу убаво, за оваа посебна моќ никој не знаеше, сѐ додека Машин не откри, бидејќи по ништо не се познава дека создава болка додека се вади.
# Пит Дејвидсон стави две тетоважи кои ги посвети на својата девојка Ариана Гранде, но откако раскинаа. Неколку недели по разделбата, тој на стори ги покажа своите нови тетоважи - на вратот има маска за лице со зајачки уши, какви што Ариана имаше на корицата од албумот „Dangerous Woman“, а другата се нејзините иницијали А.Г. на прстот. По разделбата.
фото: Инстаграм/londonreese# Ариана Гранде по Пит наслови една песна од албумот (додека уште беа заедно).
фото: Инстаграм/arianagrande# Анџелина Џоли и нејзиното тогашно момче Били Боб Торнтон носеа ланчиња со мали шишиња како привезок - во нејзиното шишенце имаше крв од Били, а во неговото од Анџелина.
# Тревис Баркер го истетовира името на Кортни Кардшаијан на ребро, иако се прилично кратко заедно. Верени се и се знаат неколку години, но гласините за тоа дека се во врска започнаа во јануари минатата година. Значи не помина ни една година, а тој го истетовира нејзиното име.
фото: Инстаграм/kourtneykardash# Офсет купи билборд за да ѝ го честита роденденот на Карди Би.
# Тејлор Свифт купи куќа вредна 5 милиони долари за да биде сосед со своето тогашно момче Конор Кенеди. Неколку месеци откако ја купи куќата, тие раскинаа.
фото: Инстаграм/taylorswiftsbf
# Џастин Бибер го изнајми „Staples Centar“, големата спортска арена во Лос Анџелес, само за да ја однесе Селена Гомез на состанок. Така во приватност можеа да гледаат филмска проекција, бидејќи за познатите, одењето на кино не е опција, особено кога се познати личности како Џастин и Селена.