Најмладата докторка во историјата на Нишкиот факултет е од Палестина: Јулија се запишала на факултет на 17 години, а нејзиниот просек е неверојатен
Јулија Хвојтат е најмладата докторка во историјата на Медицинскиот факултет во Ниш, а дипломирала на само 23 години со просечна оценка 9,3, додека на факултет се запишала на 17 години.
Живеела во Палестина, од каде што е нејзиниот татко, додека нејзината мајка е од Ниш, па така се одлучила да студира во родниот град на својата мајка.
„Одлучив да студирам овде првенствено бидејќи ја сакам Србија и слободата на живеење која ја нуди. Се надевам дека овде ќе имам можност за едуцирање, како во понапредните земји. Голема поддршка во текот на студирањето имав од своето семејство, кое беше со мене, како и пријателите и колегите, без кои сето ова најверојатно би ми било многу потешко. Бев петто одделение кога дојдов во Ниш. Со оглед на тоа што сум од семејство полно со доктори, таа љубов кон медицината постоеше од мали нозе, и секогаш ми беше цел да се занимавам со оваа хумана работа и еден ден да им станам колешка на своите родители“ - кажа Јулија за „24седам.рс“.
Своето школување го започнала во Палестина, а откако се преселила во Катар, каде наставата продолжила да ја слуша на арапски и англиски јазик. Средно училиште завршила во Нова Варош, каде нејзините родители, кои се здравствени работнци, денес живеат и работат.
Таа вели дека за да се оствари ваков успех, потребни се многу труд, работа и одрекување, но и желба да се остварите во некоја работа.
Била добитник и на бројни награди во текот на студирањето. Учествувала на Биомедицинскиот конгрес на студент на Копаоник, а стажирала на неврохирургија. Нејзина голема љубов е хирургијата и планира своето образование да го продолжи во тој правец.
Би сакала повторно да ја посети Палестина, но како што откри за „24седам.рс“, тоа сега не е можно, заради проблемите со кои таа држава се соочува.
фото: Приватна архива