Најмладиот син на Дејвид Бекан ја прошета новата девојка: Нејзината реакција кон папараците кажува сè
Автентичниот младешки и опуштен стил на најмладиот син на Бекам, Круз, беше многу забележан на музичкиот фестивал каде се појави во „оверсајз“ шушкавец и широки сини панталони.
Круз својата урбана облека, за која се одлучи тој ден, ја надополни со чевли за скејт и машка чанта.
Меѓутоа, тоа не беше причината што предизвика брзи реакции кај папараците. Заљубениот 16-годишник се појави на музичкиот фестивал со својата девојка, која сè уште е само мистериозна бринета со зелена марама на главата, во преголем дуксер и цветно мини здолниште.
Заедничкото појавување на музичкиот фестивал е првото „љубовно патување“ на Круз во јавноста, и така тој им се придружи на своите постари браќа, со чии љубовни статуси јавноста веќе е добро запознаена.
Сфаќајќи дека тие се цел на папараците, тинејџерите си дадоа поглед и насмевка, а нејзината реакција кажува колку сето ова е непознато за неа, но изгледа дека сепак ѝ се допаѓа.
Инаку, најстариот наследник на Бекам, 22-годишниот Бруклин, се вери со 26-годишната актерка Никола Пелц, а 18-годишниот Ромео е во врска со неговата врсничка, манекенката Миа Реган.