Најново инфо: Што се случува со врската на Кајли Џенер и Тревис Скот?

Најново инфо: Што се случува со врската на Кајли Џенер и Тревис Скот?

Објавена во: Совети // Семејство

Тешко е да се каже во каква врска е Кајли Џенер моментално и тоа најверојанто ви е чудно да го слушнете, бидејќи сме навикнати дека кланот Кардашијан - Џенер, својот приватен живот да го држат на тацна и сите да знаеме за нивните врски и контроверзии. Сепак, Кајли веќе со месеци е во многу чуден однос со таткото на своето дете, раперот Тревис Скот, па ви ги пренесуваме најсвежите зборови на изворите кои барем малку одредуваат дали тие двајца се заедно или не.

Да се потсетиме, парот минатата година преживеа разни проблеми и во еден момент се разделија, па Кајли се гледаше еден краток период со Дрејк, кој тие двајца го опишаа како забава на добри пријатели. Што се однесува до оваа година, за роденденот на ќеркичката Сторми во февруари, Кајли и Тренвис беа заедно и секогаш изјавуваат дека внимаваат Сторми да ги има покрај себе и мама и тато, а во март наводно спиеле под ист кров и не се гледале со никој друг. Кон крајот на април Кајли му го честиташе роденденот на Тревис и го нарече „најдобар татко“, но што се случувало меѓу нив за време на летото и сега?

Извор за US Weekly, за жал, вели дека тие двајца дефинитивно не се повеќе заедно и дека работите се промениле овие месеци. „Кајли и Тревис имаа нестабилен однос долго време, постојано се враќаа еден на друг, па се разделуваа и така функционираа со месеци. И понатаму е присутна физичката привлечност без никаков сомнеж и убаво се сложуваат, но ниту таа ниту тој не се емотивно поврзани веќе долго и на Кајли дури и се допаѓаат други мажи во последно време. Можеби еден ден повторно ќе се вратат еден на друг засекогаш, но изгледа дека уште не е дојден моментот. Млади се и имаат уште многу да сфатат“ - пренесува изворот. Не знаеме кои се момците кои ја привлекуваат Кајли, но Тревис очигледно има конкуренција. Мислите ли дека на крајот Сторми ќе успее да ги спои?


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: