Најновото истражување покажа дека оние кои растат со сестра - се посреќни во животот
Сигурно имало период кога не сте биле во најдобри односи, но без оглед на тоа има нешто убаво во растењето со луѓето кои делеле исти искуства како и ти. Исто така убаво и прекрасно е чувството кога знаеш дека некој секогаш ти го чува грбот.
Иако еднакво ги сакаме своите браќа и сестри (или понекогаш малку фаворизираме некој од нив), новото истражување вели дека веројатно е дека оние кои растеле со сестра се посреќни во животот. Научниците од Универзитетот Leicester's De Montfort и Универзитетот Ulster во Северна Ирска проучија околу 570 луѓе на возраст од 17 до 25 години. Им поставувале бројни психолошки прашања за бројни теми, вклучувајќи го и менталното здравје.
Собраните податоци покажуваат дека учесниците кои растеле со сестри биле поохрабрени отворено да зброуваат за своите чувства, што на крајот давало попозитивен поглед на животот. На прашањето за истражувањето, професорот Тони Касиди вели: „Изгледа дека сестрите поттикнуваат поотворена комуникација и кохезија во семејството. Меѓутоа, исто така изгледа дека браќата имаат алтернативно влијание. Емоционалното истражување е темелно за доброто психичко здравје, а сестрите во семејствата го промовираат тоа.“
Тој идентификуваше зошто браќата не се толку мотивирачки како сестрите во „семејната улога“: „Можно е момчињата да имаат природна склоност да забораваат на работите. Заедно со момчиња не се разговара. Девојките често се обидуваат да го струшат тоа“.
Сестрите кои помагаат се корисни на оние кои доаѓаат од семејства каде родителите се разведени. Трендовите пронајдени во ова истражување би можеле да помогнат да се даде поддршка на семејствата за време на тешкиот период. Исто така предлага дека „би требало внимателно да размислиме за начинот на кој постапуваме со семејствата со многу момчиња“.
Истражувањата веќе ја докажаа моќта на браќата и сестрите. Универзитетот Brigham Young направи слично истражување во 2010 година, кое доби слични податоци како и ова најновото. Меѓутоа, првобитното истражување се состоеше до 395 семејства со повеќе од едно дете и установи дека оние кои имаат сестри се пољубезни личности.
Тогаш истражувачот Лаура Падила - Вокер изјави дека „наклонетоста кон браќата без оглед на полот е поврзана со помала деликвенција и поголемо социјално однесување, како поголема добрина и великодушност, волонтирање и помагање на другите“.
Со анализирање на двете истражувања, може да се дојде до заклучок дека сестрите имаат поинакво влијание на своите браќа и сестри. Често врската со сестрата е нераскинлива. ОД друга страна, многу момчиња немаат одредени квалитети кои жените ги ценат - затоа што немале сестра која влијаела на нив додека растеле.