Најпосакуваната боја за ова лето: Секоја комбинација ја крева на едно повисоко ниво

Најпосакуваната боја за ова лето: Секоја комбинација ја крева на едно повисоко ниво

Објавена во: Мода // In and Out

Модните експерти донесоа одлука, за време на пролетта и летото најпопуларни ќе бидат светлите бои, а најчесто ќе ја гледаме розовата.

Доколку како еден од факторите кои сугерираат што ќе носиме е Инстаграм, тогаш тезата дека ова лето ќе ја гледаме розовата боја е точна.

Инстаграм е преплавен од розовите комбинации на инфлуенсерките, а во обзир доаѓаат сите нијанси, од панстелни до оние што се „џиш“ розови.  

Пастелно розовата боја, која беше најпопуларна минатата година е сè уште актуелна. Но, ако сакате нешто ново, изберете ја моќната „electric pink“. Зборуваме за скоро флуоресцентната Барби боја, која сигурно сте ја обожувале како деца.

Оваа нијанса има моќ секој стајлинг да го направи интересен и да внесе посебна ведрина во летните денови.

Без оглед на тоа што некои сметаат дека розовата боја не е најприкладна за возрасните жени со стил, ние сметаме дека оваа романтична боја дефитивно треба да биде дел од вашата летна облека.

Постојат многу забавни начини за тоа како да изгледате стилизирано, во розова боја. Од фустани до здолништа, кошула и панталони, можете да најдете било какво парче облека во оваа боја и да го стилизирате вашиот изглед за одредена прилика.

Можете да ја комбинирате розовата со други светли бои, а ако не сакате да експериментирате, можете да ја комбинирате со црна или бела.





фото: FREEPIK

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: