Најпозната корона креација на светот: Тинејџерка потрошила 400 часа на создавање на фустанот за матура

Најпозната корона креација на светот: Тинејџерка потрошила 400 часа на создавање на фустанот за матура

Објавена во: Мода // Moj стил

Матурантката од Америка станала вистински хит на Интернет поради уникатниот матурски фустан кој го направила само од лепливи ленти...

Кога Пејтон Манкер во јануари одлучила да оди на матура, не ни помислила дека ќе стане вистинска сензација, пишува Индекс.

Матурантите имаат традиционално натпреварување, кој подобро ќе се облече и кој подобро ќе ја искомбинира својата матурска комбинација. Оној кој ќе победи, добива награда од 10.000 долари.

Пејтон планирала да направи фустан на тема Леонардо да Винчи, но тогаш започна пандемијата на коронавирус, па својот фустан го направила на таа тема. Девојката истакнала дека сака фустанот да го претставува она што се случувало во светот, но и дека е сигурна дека така ќе се издвои.

Иако нејзината матурска забава е откажа, токму поради коронавирусот, тоа не ја спречило Пејтон да вложи труд во фустанот. Вели дека и биле потребни 395 часа, а потрошила 41 ролна леплива хартија.

Фустанот никогаш не го носела пред колегите, но фотографиите станале вирални. Нејзината мајка Сузи ги објавила на Фејсбук минатиот месец, а ја споделиле повеќе од 250 илјади луѓе.

На фустанот може да се видат детали поврзани со коронавирусот, вклучувајќи го и медицинскиот персонал со маски на лицето, луѓе кои трчаат, виртуелна матура.

„Целиот фустан требаше да ја претстави пандемијата во позитивна смисла“ - вели Пејтон.

Победникот на натпреварување ќе биде објавен на 21 јули, а многумина сметаат дека Пејтон е голем фаворит.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: