Најпознатата Албанка фотографирана со дијамански прстен: Се шушка дека е верена
Обожавателите на Рита Ора се надеваат дека оваа информација не е само шпекулација...
Британската пејачка со потекло од Албанија, Рита Ора ги поттикна озборувањата дека е верена, откако се прошета со огромен дијамант на рака.
Имено, пејачката веќе некое време се забавува со Роман Гаврас, француско - грчки филмски продуцент, со кој цело лето го помина на одмор на Ибица и Крв.
Таа сега ги поттикна озборувањата дека е верена, кога се прошета со огромен дијамнтски прстен на рака и тоа на место на кое го носи вереничкиот прстен.
Фотографирана е пред мексикански ресторан во Лондон и во таа прилика носеше црна јакна, црни панталони, паичка со црвено - бел принт и шубара на главата.