Најпознатата српска блогерка на оваа жена ѝ должи сè: Тамара Калиниќ за првпат ја покажа мајка ѝ
Тамара Калиниќ за првпат на јавноста ѝ ја покажа својата мајка, а сличноста помеѓу нив е неверојатна...
Тамара Калиниќ, најуспешната српска блогерка во светот, за своето семејство зборува со многу љубов и почит, но нема обичај на социјалните мрежи да споделува фотографии од нив. Исклучок се посебните моменти, како што беше роденденот на нејзината мајка, кога јавно ѝ упати честитка. Покрај фотографијата од нејзината мајка, таа напиша дека мајка ѝ е нејзина најдобра пријателка и дека едвај чека да ја прегрне. Сега знаеме на кого личи Тамара, а нема сомнеж дека од родителите ги наследила и амбициозноста, деловниот дух и упорноста.
Своевремено, зборувајќи за своето растење, таа откри:
„Моите родители ја имале првата приватна болница во Југославија, па така вистина е дека сум родена во богатство. Меѓутоа, бидејќи за време на војната изгубија сè, мораа да почнат од почеток. Сигурно е дека не ми е срам што потекнувам од богато семејство, туку сум им многу благодарна на своите родители кои ми го плаќаа школувањето во странство. Кога станав полнолетна, мајка ми и татко ми ми ја плаќаа само школарината, а по 21 роденден од нив немав земено ниту едно евро. Сега јас на нив им купувам подароци и правам сè за да ги разгалам“.
Иако семејството на Тамара не живее просечен живот, модната блогерка со диплома од фармацевтски факултет открива дека по ништо не се разликува од голем број луѓе во нејзината родна земја:
„Мислам дека сите знаеме какви се семејствата во Србија. Дома најблиските постојано ви зборуваат дека можете подобро, додека другите ве фалат. Семејството често ме критикува, а ми кажуваа ти кога не им се допаѓа некоја моја фотографија или стајлинг. На нив воопшто не им е важно дали објавата има 50 или 150.000 лајкови. Таа нивна реалност ми е драгоцена, за секогаш да бидам свесна од каде потекнувам и која сум.“