Најпродаваното празнично модно парче оваа зима: Удобниот и шик тренд веќе е меѓу омилените на Инстаграм
Свиленкастите пижами со впечатливи бои и со дополнителни пердуви на ракавите и ногавиците се најпродаваните празнични модни парчиња.
Исто како и минатата година, удобноста во модните парчиња ни е од големо значење, а новата празнична сезона направи овој удобен тренд, секојдневно да има сѐ повеќе вљубеници.
Во своите предвидувања за новата календарска година, американската страница „Пинтерест“ издвои посебни верзии на пижами како голем тренд кој во наредните месеци ќе има голема улога на модната сцена.
фото: ИнстаграмВо прилог на тоа, освен податоците кои ги присобра „Пинтерест“, говорат и фотографиите од стајлинзите на модните трендсетерки на Инстаграм.
Свилените пижами во впечатливи бои и со додаток пердуви на ракавите и ногавиците станаа голем тренд во празничната сцена, а љубителките на модата од Инстаграм докажува како со правилно стилизирање овие ефектни комплети за спиење, би можеле да се носат и во сите дневни прилики надвор од ѕидовите на домот.
фото: Инстаграм
Дека пижамите со луксузен изглед се голем тренд говори и нивната богата понуда на полиците во продавниците, а модните зависници втора година по ред не ја кријат наклонетоста кон скапоцените верзии на свилените пижами.
фото: Инстаграм