Најскапиот хамбургер на светот: Цената му е шокантна, а состојките најлуксузни досега
Некогаш ни е премногу да дадеме повеќе од 150 денари за хамбургер, а цената на овој ги преминува сите граници.
Колку пари би дале за еден хамбургер? Особено кога ќе земеме предвид дека бургерите во популарните ресторани скоро па и ги нема, а цените се висоски, па на крајот од денот секогаш заминуваме до локалната сендвичара за да го добиеме најголемиот бургер. Можеби во него нема карамелизиран кромид и други слични продукти, но е превкусен.
Каде на светот се наоѓа наскапиот хамбургер и колку чини? Потрагата по најскап хамбургер кој може да се јаде завршува во САД, поточно во Лас Вегас. Моментално тој води на листата, а цената му изнесува огромни 5.000 долари. Во светот на различни места можеш да пронајдеш бургери кои не се баш евтини и чија цена е околу 130 евра, но овој убедливо води. Можеш да го јадеш во казиното „Mandalay Bay“, во ресторанот „Fleur“. Станува збор за ресторан кој се фокусира на француските специјалитети. Не е најскап ресторан на светот, но „The Fleur Burger 5000“ е специјалитетот кој го нудат, а кој не може секој да си го дозволи.
Зошто му е толку висока цената? Поради состојките. Месото кое се користи во овој бургер е супер луксузно говедско месо, а еден килограм од истото чини нешто повеќе од 390 евра. Освен ова месо, во него има сос од црн тартуф, како и црн дроб од гуска. Сите овие се екслузивни специјалитети, а овде се на едно место. Во прилог на високата цена оди и фактот што се послужува со шише вино 1995 Chateau Petrus од Бордокс, што воедно е најскапото вино кое постои на светот.
Оние кои го имаат пробано овој бургер тврдат дека е превкусен, но дека дефинитивно не е нешто што е за секој, бидејќи кој има толку пари за „фрлање“ за волку мал бургер. Меѓутоа, доколку си милијардер и обожуваш бургери, тогаш ова е еден од оние кои секако треба да ги ставиш на твојата листа и да го пробаш некогаш.
Извор: teen385.com