Најсреќните спомени: Преглед на тоа како ѝ помина 2021 година на Ариана Гранде
2021 година не се разликуваше нешто премногу од 2020. Доколку барате пример од некој кој напредувал во текот на оваа година, не барајте повеќе од Ариана Гранде. Во новогодишната вечер, младата и популарна пејачка на својот Инстаграм профил размислуваше за многуте позитивни работи кои ѝ се случиле во последните 12 месеци.
„Најсреќната година во мојот живот“ - напиша под фотографиите кои ја документираа нејзината година - од нејзиниот брак во мај со Далтон Гомез до почетокот на соработката со Кристин Ченовет на „The Voice“. „Се чувствувам толку... длабоко и необично... благодарно! Ви посакувам многу среќа, здравје... сѐ што е убаво!“
Ариана, исто така, се обрати и на пријателката Синтија Ериво, со која ќе глуми во претстојната филмска адаптација „Wicked“, а што за неа претставува најнеобина, највозбудлива и неразбирлива работа. „Ги одбројувам минутитите, драга пријателке. Не можам да бидам посреќна“ - напиша пејачката.
Да се омажиш, да добиеш улога од соништата, да покренеш козметичка колекција - би биле доволни за самите по себе да ја гарантираат титулата најдобра година, но Ариана е прилично скрмна, бидејќи постигна и повеќе од тоа. Во март зема и Греми за најдобро дуо/заеднички настап со Лејди Гага. Неколку месеци подоцна, доби уште две Греми - најдобар поп вокален албум и најдобра поп соло изведба, за насловната песна на албумот. И конечно, годината ја заврши со улогата во ѕвездената сатира „Don't Look Up“, глумејќи поп ѕвезда чија химна за крајот на светот станува актуелна додека комета оди кон Земјата.