Најубавата девојка изврши самоубиство: Сега нејзината мајка доби проштален подарок кој ќе ве растажи (ФОТО)
Мајката на некогаш најубавата девојка, Кајли Поузи, доби подарок кој тинејџерката ѝ го нарачала 2 недели пред смртта...
Поминаа 20-тина дена од смртта на Кајли Поузи, некогаш најубавата девојка и ѕвезда од контроверзното шоу „Toddlers and tiaras“, а светот и понатаму го потресуваат теориите за нејзината смрт.
Убавата тинејџерка наполни 16 години само неколку дена пред самоубиството, а полицијата ја најде обесена во државниот парк Бирч Беј во Вашингтон, недалеку од нејзиниот дом. Од овие детали многумина се потресоа.
Како што пишуваа странските медиуми, Кајли не оставила проштално порака во моментот на смртта, но сепак на некој начин се простила од своите најдраги личности. Имено, на нејзината мајка, Марси Гатерман ѝ стигнал подарок кој нејзината миленичка ѝ го нарачала две недели пред смртта.
Кајли преку ТикТок порачала ќебе, а нејзината мајка сега за „E! News“ откри и што пишувало во пораката, која ѝ стигнала со подарокот.
„Драга мамо, дури и сега кога не сум покрај тебе сакам да знаеш дека те сакам и ценам. Секогаш. Замотај се во ова ќебе и сметај го тоа за голема прегратка. Те сакам“ - раскажа ожалостената Марси.
Несреќната жена е потполно скршена од загубата, но ги искористи социјалните мрежи за да им се заблагодари на сите на поддршката и воедно да ги потсети младите следбеници да зборуваат за проблемите и дека самоубиството не е решение.
„Ова е најлошата работа која може да ја доживее една мајка. Родителите кои имате деца кои се тинејџери и кои користат телефони, секогаш проверувајте им ги уредите“ - кажа, а потоа додаде:
„Ако нешто ве мачи, немојте да молчите. Кажете им на родителите. Никој нема да ве осуди, туку ќе ви ја даде помошта која ви е потребна. Но, мораме да занеме за да би можеле да ви помогнеме. Немојте тоа да го криете во себе“.
За потсетување, Гатерман прва ја сподели веста за смртта на ќерка ѝ:
„Немам зборови, мојата преубава деовјка замина. Ве молам почитувајте ја нашата приватност додека ја оплакуваме загубата на Кајли. Таа ќе биде мое бебе засекогаш“.
Мајката објави и фотографија од својата ќерка во фустан, а тинејџерката требало да учествува и на натпреварувањето за „Miss Teen America“.
фото: Притнскрин / Фејсбук