Најубавата манекенка на светот - најлошо облечена во Париз: „Што е ова што го носиш Бела Хадид?“
Можеби носеше вистински ремек-дела на пистата, но најуспешниот модел на планетата за време на модната недела во Париз, приватно, не ги избра најдобрите модни решенија.
Минатата недела, главниот град на Франција беше центарот на светот на модата. Иако поради мерките за заштита од коронавирусот, познатите не можеа да позираат во првите редови на ревиите на најпрестижните брендови, реномираните модни куќи ги претставија своите нови колекции, а најголемите имиња во светот на моделите се движеа по пистата.
Меѓу нив беше Бела Хадид, која ја следеа француските и светските папараци секој пат кога ќе излезеше од хотелот, па интернетот беше преплавен со нејзини фотографии во изминатите неколку дена.
Сепак, за разлика од нејзиниот вообичаен извонреден стил, се чини дека минатата недела таа не беше премногу инспирирана, па сè што Бела облече приватно, беше прогласено за неуспешно!
Погледнете:
извор:glossy
фото:PROFIMEDIA