Најубавата жена на светот блеска во напредна бременост: Со месеци ја криеше убавата вест, а сега гордо го покажува својот труднички стомак
Бремената актерка
Марго Роби (34) ужива на одмор на Сардинија со својот сопруг Том Акерли, а
најновите папарацо фотографии покажуваат дека парот е се‘ поблиску до станување родители.
Ѕвездата на „Барби“ Маргот Роби и нејзиниот долгогодишен сопруг Том Акерли беа фотографирани додека летуваат на островот Сардинија, а идната мајка го покажува трудничкиот стомак во бела кошула со копчиња.
Кошулата ја искомбинирала со црни лелеави панталони, а летното издание го комплетирала со црна чанта и шешир во иста боја.
Како додаток, Марго Роби носеше очила за сонце, кои се незаменлив моден детаљ во текот на летото, а ја штитеа и од љубопитните погледи. Двојката изгледаше опуштено и среќно за време на нивната прошетка по ручекот со пријателите.
Да потсетиме, веста за бременоста на Маргот Роби одекна во светските медиуми во јули, откако парот беше уловен на одмор во Италија, кога папараците го фотографираа трудничкиот стомак на актерката. Истиот месец таа беше фотографирана со труднички стомак на Вимблдон.
Двојката првпат се запозна во 2013 година за време на снимањето на драмата Suite Francaise од Втората светска војна, кога Маргот глумеше, а Акерли беше асистент режисер. Врската ја започнаа во 2014 година, а тајно се венчаа во 2016 година во Бајрон Беј, пред педесетина гости, а невестата носеше бохо фустан од Оскар де ла Рента.