Најубавиот фустан го чуваше за историското финале на нејзиниот татко: Стајлингот на малата Тара не можеше да биде поубав
Новак Ѓоковиќ, за време на освојувањето на олимпиското злато ја имаше најголемата поддршка од трибините.Ќерката на познатиот тенисер, Тара Ѓоковиќ, која заедно Јелена и синот Стефан му се важна поддршка на Новак.
Тара беше фотографирана од трибините со интересен транспарент кој го направила сама на кој пишуваше. „Тато е најдобар“.
Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ по победата го прегрнуваше својот татко држејќи го транспарентот во раце. Емотивниот момент за брзо време преку фотографии и видеа стана вирален на социјалните мрежи.
Вниманието го привлече пораката што ја држи Тара, но и фустанот кој за неа сигурно го избрала нејзината мајка Јелена Ѓоковиќ. Малото девојче носи розов фустан со огромен цветен детал и шарени очила за сонце како да се направени за Олимпијадата.
Новак Ѓоковиќ, еднаш изјави дека неговата ќерка е неговата најсилна мотивација додека се борел за нов успех на теренот. Тој имаше прекрасни зборови и за својот син Стефан: „Мислам, никогаш не сум побарал од него да игра тенис, ниту еднаш. Никогаш не сум го направил тоа. Сето тоа е навистина негова лична желба, да излезе на теренот. Па, ако тој сака да истрае на тоа патување, јас ќе бидам со него, се разбира, ќе бидам воодушевен ако игра тенис, тој е сè уште е дете, тој е многу млад, не треба да чувствува никаков притисок или очекувања.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs