Најубавиот подарок е од внуците: Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 73-годишнина од бракот (ФОТО)

Најубавиот подарок е од внуците: Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 73-годишнина од бракот (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги воодушевија своите баба и дедо со слатка, рачно изработена честитка.

Дали има поубав подарок од оној што ќе го добиете од омилените мали раце?

Кралицата Елизабета и принцот Филип ја прославија 73-годишнината од бракот со најубавиот подарок од своите внуци, децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Прекрасна весела честитка пристигна од принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, кои решија да ги израдуваат баба и дедо.

Бидејќи во Кралското семејство нема традиционален подарок за 73-годишнината, ова е секако најслаткото нешто што го добиле баба и дедо. 

Кралицата и принцот Филип не ја криеја радоста, па со задоволство споделија фотографии од овој подарок на социјалните мрежи.


фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: