Најубавите близначки во светот, денес изгледаат вака: Мајка им обвинета дека им правела притисок за да заработуваат пари на нив (ФОТО)
Нивната мајка е мета на разни напади на социјалните мрежи, а неодамна беше критикувана затоа што нејзините ќерки изгледаат тажно на фотографиите.
Родителите по име Џаки и Кевин Клементс добија близначки во 2010 година, не знаејќи дека нивните ќерки ќе бидат прогласени за најубави близнаци на светот. Ава Мари и Леа Роуз станаа познати практично пред да проодат, благодарение на нивната неверојатна убавина.
Во светот на манекенството влегоа уште од најраното детство, а медиумите пишуваа за тоа како изгледаат нивните симетрични лица исто како од најгламурозното списание, како косата им е неверојатно сина и свиленкаста, кожата мазна, а нивната природна убавина неопислива.
Нивната кариера ја водеше нивната мајка Џаки Клементс, што е случај и денес. Таа откри и дека од раѓањето на близнаците постојано се соочувала со исти коментари од познаници и луѓе кои ги запознала:
-Луѓето навистина ми велеа: „Леле, тие се толку убави, треба навистина да размислите да почнат да работат како модели“.
Мајката тоа се обиде кога девојчињата имале само шест месеци, но бидејќи има и постар син, и било премногу тешко успее да се снајде помеѓу мајчинството и кариерата на нејзините близначки.
-Мојот прв обид беше краткотраен и решив дека не е вистинското време, рекла Јаки и додала дека го чекала седмиот роденден на девојките за да можат сами да донесат одлука дали сакаат да се занимаваат со манекенство.
-Им реков на моите ќерки дека ако се спремни, покрај танцување и пливање можат да се занимаваат и со манекенство, рекла оваа мајка, коментирајќи дека тогаш почнале да скокаат од радост и едвај чекале да почнат. Таа исто така истакна дека Ава и Леа сакаат да настапуваат и да бидат во центарот на вниманието.
Од тој момент сè почна да се случува со молскавична брзина. Животот на девојчињата значително се променил. Прво почнале во агенцијата со која веќе работеле кога биле мали и тие со задоволство ги прифатиле девојчињата. Потоа договорила професионален фотограф кој ќе креира портфолио за девојките.
Потоа им отворила профил на Инстаграм, а денес на 13 години девојките имаат повеќе од 2 милиони следбеници! Но, тие не се единствените кои добиваат комплименти, воодушевување предизвикува и нивната мајка, а фановите редовно и порачуваат дека треба да се занимава и со манекенство, а јасно е од кого близнаците ја наследиле својата убавина.
Изложувањето на децата на манекенство на рана возраст може да биде ризично. Додека едни велат дека децата во манекенството немаат детство, други тврдат дека такво детство може само да се посака. Има многу добри и лоши страни, но реалноста е дека, во најголем дел, нивните родители ги исполнуваат сопствените соништа заработувајќи пари од добриот изглед на нивните деца.
Од друга страна, често се соочува со критики дека е лош родител кој ги притиска децата, дека заработува од нив и дека Ава и Леа изгледаат тажно додека позираат.
-Дали ги запознавте моите ќерки? Очигледно не сте, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата загриженост, но моите близнаци се добро! Тие се среќни. Тие имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои си уживаат во слобдно бреме.Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитетот на животот, напишала оваа Американка.
Таа на повеќето фотографии одговори и на прашањето зошто близнаците се професионално нашминкани. „Индустријата тоа го бара од нив“, кратко прокоментирала таа, пренесува Жена.рс
Фото:clementstwins/instagram