Најубавите изреки на Селена Гомез за самодоверба

Најубавите изреки на Селена Гомез за самодоверба

Објавена во: Stars // Музика

Како што знаеме, Селена Гомез во текот на нејзиниот живот постојано се соочува со бројни проблеми, претежно поради лошите коментари за нејзиниот изглед, пеење и врската со Џастин Бибер.

Денес оваа пејачка е самоуверена млада дама, која не се плаши да каже што мисли. Во продолжение прочитајте ги нејзините поучни изреки и следете ги нејзините примери.

1. Луѓето се дел од вашиот живот поради различни причини, но и за да ве научат некоја лекција.

2. Ако можете секој ден да се погледнете во огледалото со сите одлуки кои сте ги донеле, таму ви започнува моќта.

3. Ви гарантирам дека секoј од вас е направен да биде како вас и во тоа се крие привлекувањето и убавината.

4. Сите луѓе кои ме спуштаа надолу, само ме инспирираа да станам подобра.

5. Вие не можете да бидете дефинирани од вашите лајкови и коментари на Инстаграм.

6. Ако знаете кој сте, тоа ви ја одзема целата моќ на негативноста.

7. Не можете да се плашите од она што ќе го кажат луѓето, бидејќи не можете секого да усреќите.

8. Никогаш не гледајте наназад. Пепелашка да погледнеше наназад и да си го земеше чевличето, никогаш немаше да го пронајде својот принц.

9. Само сакам да сум среќна.

10. Го живеам својот живот и никој не може да ми диктира како да се чувствувам, освен ако не го допуштам јас тоа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: