Најубавото девојче во светот денес е најубава жена: Се прошета по пистата, а поради нејзиното тело сите воздивнуваат

Најубавото девојче во светот денес е најубава жена: Се прошета по пистата, а поради нејзиното тело сите воздивнуваат

Објавена во: Мода // Moj стил

Некогаш најубавото девојче, со својата појава ги остави сите без здив на Модната недела во Париз...

Манекенката Тилан Блондо, во 2007 година беше прогласена за најубаво девојче, а нејзината кариера од тогаш почна да се движи во нагорна линија.

Нејзината појава секогаш ја интригира јавноста, а така беше и сега кога во вторникот се појави на Модната недела во Париз.

Ревијата на модната куќа „Miu Miu“ ја следеше од публика, додкеа подоцна беше главна ѕвезда на пистата кога носеше долна облека за брендот „Etam“.

Познатата Французинка на ревијата пристигна во друштво на трендсетерката Алекса Чанг, а изгледаше тренди и урбано во црните кожени панталони и краток топ со бели детали.

фото: BERZANE NASSER/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA

Сепак, масата ја „запали“ кога се прошета во секси долна облека на ревијата на „Etam“, покажувајќи ја својата извајана фигура, затегнати нозе и впечатливи стомачни мускули.

Блондо навистина изгледаше спектакуларно и тоа со дискретната шминка и помалку дивата, нескротива коса.

фото: AGENCE / BESTIMAGE / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: