Најурнебесниот фотошоп во историјата: Нозе до небо, раце долги два метра, но тоа не е најлошо
Овој пат навистина претера кога е во прашање уредувањето на фотографиите...
Клои Кардашијан веќе некое време ја носи титулата најнеприродна од сестрите на популарниот клан. Низ годините се има најмногу променето - од пластичниот задник до таквите промени на лицето што многумина и понатаму се чудат каде е онаа Клои од пред неколку години.
А, покрај фактот дека навистина се има променето, како ден е јасно дека обожава да користи и фотошоп на социјалните мрежи, па после сите филтри престанува да личи на себе. Како сопственичка на брендот „Good American“, најави издавање на нова линија чевли, а нејзината фотографија се појави на официјалниот профил на брендот на Инстаграм.
Но, единственото нешто што сите го коментираа е катастрофално лошиот Фотошоп. Стапалата ѝ изгледаа обемни и издолжени, а според лицето никогаш не би рекле дека Клои позира на фотографијата.
„Ова изгледа чудно“, „Издолжените стапала изгледаат погрешно“, „Ужасна реклама“, „Не сум сигурен кој ја уредувал фотката, но разбирам што сакале да постигнат. Сепак, не успеаја во тоа“, „Кој ја одобри оваа реклама?„, „Клои, те молам престани со операциите“ - беа само некои од коментарите.