Најверните фанови на Талески: Ќерките на ракометарот во дресови го бодреа тато од трибините
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер одигра пријателски натпревар против Грција во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Грција беше победена со три гола разлика.
На трибините навивачи кои ги бодреа македонските ракометари, а левиот бек на нашата репрезентација имаше голем мотив да игра од срце, затоа што неговите ќерки Софиа и Мариа навиваа од трибините.
Сопругата на Талески, Ема сподели фотографија како по натпреварот неговите ќерки во дресови со нивни имиња се забавуваат на празниот терен.
Репрезентативецот Талески со семејството веќе извесен период живеат во Лисабон, Португалија, поради обврските на Филип кон ракометниот клуб Бенфика.
Фото: Инстаграм