Наклон капитене: Лука Модриќ му ја исполни желбата на Јан (13), жртва на врсничко

Наклон капитене: Лука Модриќ му ја исполни желбата на Јан (13), жртва на врсничко

Објавена во: Совети // Другарство

„Правев се и сешто за да се заштитам од лошите деца. Бев најмал и сè уште сум најмал. Но, да си мал има и некои добри работи. На пример, можеш да се скриеш на многу мали места. Тоа е она што јас секогаш учев на првиот час. Штом ќе стигнав на училиште, веднаш се криев во празно шкафче. Тоа беше моето прибежиште“, вака раскажал тринаесетгодишниот Јан пред неполн месец кога зборувал за своето искуство на Денот на борбата против врсното насилство.

Јан во интервју за порталот „Задовољна“, ги повика децата да се борат со зборови, а не со тупаници, секогаш да бидат еден за друг и да шират љубов, а не омраза.

Насмеаното, комуникативно и емпатично момче знае дека добрината лежи во помагањето на другите и е вистински пример за своите врсници. Иако помина низ сито и решето, сепак најде сила јавно да проговори за се почестиот проблем кој има последици пред се за децата, но и за родителите.

Од тој ден се случија некои големи работи. Најпрво извинување. И ветува дека тоа никогаш повеќе нема да се случи во училиштето на Јан. И некои други мали радости.

И на Меѓународниот ден на среќата се случи најголемата среќа.


Важноста на борбата против врсничкото насилство ја препозна и Хрватскиот фудбалски сојуз и Лука Модриќ, идолот на херојот на оваа приказна, кој реши да му даде отворена поддршка.

Така Лука го пречека Јан пред јужната трибина на стадионот Максимир, му подаде рака и му даде ветер во грб кој може да ги излечи сите тажни работи што му ги донело врсничкото насилство.

Со тој гест капитенот покажа дека е голем играч, но и голем човек. Се потпиша на дрес со неговиот број и албум со фотографии, а Јан му го даде омилениот пијалок на Лука.

Јан и Лука испратија важна порака: насилството нема место во училиштата, на игралиштето или на Интернет. Ниту каде било. Насилството од врсници не треба да се занемарува со зборовите „ тоа се само непослушни деца“, бидејќи децата еден ден ќе станат возрасни. И ние сакаме да си подадат рака, а не да реагираат со нозете.

Фото: Инстаграм
Извор: Zadovoljna.dnevnik.hr

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: