Наметнато ми е да молчам, да бидам убава и да си гледам својата работа: На Сара Јо ѝ е преку глава од монструозните пораки кои ги добива
Пејачката Сара Јо ги сподели пораките со вознемирувачка содржина кои ги добива, па откри дека е поразувачки фактот дека тоа пред неколку дена пораките од ваков тип имале фатален исход.
Откако најави „ново поглавје во животот“, Сара Јо дефинитивно ја гледаме во некое друго светло. Не се плаши да го каже својот став, често се огласува кога се важни теми во прашање, па така неодамна проговори за психотерапијата на која оди веќе една година.
Во една прилика истакна дека патела од претераната желба за перфекционизам, а нејзиното ново огласување е уште една потврда на тоа.
Имено, откако една пејчка откри дека на Сара Јо однапред ѝ е наместена победата за српски претставник на Евровизија за следната година, пејачката објави низа пораки со вознемирувачка содржина кои ги добива на социјалните мрежи.
„Се бламираш, мајмунке“, „Колку е здодевна оваа кобила“, „Би ја истепала“, „Ретарда“, „Греота, убава девојка, а ѓубретарка“, „Колку оваа девојка е ниско интелигентна“ - се само некои од коментарите кои ги добивала Сара Јо, а воедно и ги сподели со своите следбеници.
По тој повод, пејачката одлучи да се огласи и да исткане колку е болно да се трпат вакви навреди.
„Колку и да ми е јасно дека не може да им се удоволи на сите, и понатаму може да ме изненади тоа во колкава мера е присутно лицемерието на социјалните мрежи. Темата е преопширна и поради тоа воглавно ја избегнував дискусијата за тоа, но ајде овој пат да се надоврзам на вчерашната објава: значи, ако не се огласиш и не го изразиш своето мислење, не си интересен и си здодевен. А, ако се изјасниш и дадеш свој коментар за нешто, тогаш си надмен и замислен“ - напиша помеѓу останатото Сара и додаде:
„Она што најмногу ме поразува како човек е фактот дека истата работа која беше осудена пред неколку дена, која беше топ тема бидејќи, за жал, имаше фатален исход, станува реалност додека да трепнете, со која во суштина живееме некое време“ - додаде таа, алудирајќи на самоубиството на јутјуберката Кика Ѓукиќ.
„Тоа ниво на неосвестеност, недостаток на емпатија, како и поставување на граници, е нешто што константно, во најмала рака, ме збунува, обесхрабрува и враќа на безброј прашања. Какви битки се водеа изминатите месеци, баш овде, кои, верувам на сите нас, ни ја враќаа барем малку надежта и вербата, а потоа, побрзо од што може да си замислиш, те дочекува шлаканица од реалноста“ - напиша пејачката.
„Зошто на крајот секогаш е полесно поминува „хејтот“, отколку било што друго што се дава овде? Што точно се проектира низ ваквиот пристап, што точно е огледало на ваквото однесување? И до што точно води?“
Пејачката истакна дека е многу свесна што носи нејзината работа со себе, како и дека е многу внимателна од тоа.
„Скоро десет години внимавам на секој свој чекор, одлука, изјава, опис, се она што се подразбира под оваа работа. Како и поголемиот број изведувачи, особено женските, наметнато ми е да бидам „анемична“, да молчам, да бидам убава и да си ја гледам својата работа. Сега, повеќе од било кога, сфаќам дека слободата, во било кој облик нема цена.
Не сакам да носам одлуки под влијание на туѓите мислења, да се однесувам под влијание на туѓите предрасуди. Не сакам да ги кријам своите размислувања, ставови, принципи, да се срамам да ја искажам својата сексуланост или, бидејќи некои тоа сега го доведоа во прашање, својата смисла за хумор“ - истакна пејачката.
фото: Инстаграм