Напад на поранешната ривалка: Бритни Спирс ги навреди резервните танчерки на Кристина Агилера!
Пејачката Бритни Спирс е на удар на критиките за нејзината последна објава на Инстаграм - верувале или не, таа ги навреди резервните танчери на Кристина Агилера.
Поп-ѕвездата во својата објава изјави дека би сакала сама да избира танчери, откако претходно се пожали дека нејзиниот тим ќе ангажира слаби танчери кои ќе ја направат да изгледа многу поголема.
Во нападот на нејзината поранешна ривалка Кристина, Бритни рече: „Посакувам да можев да ги изберам дадилките за моите деца... моите танчерки... Да ги имав танчерките што ги има Кристина Агилера, би изгледала исклучително слаба“.
Објавата беше со цитат кој гласеше: „Открив дека постои само еден начин да изгледате слабо: да се дружите со дебели луѓе“.
Во меѓувреме, Бритни рече дека никогаш повеќе нема да настапува во живо , тврдејќи дека е „истрауматизирана за цел живот“ - што значи дека мисли дека била понижена бидејќи работела со „најслабите“ резервни танчери низ годините. Пејачката призна и дека нејзините несигурности биле поттикнати од жилавите танчерки кои ја поддржувале на сцената: „Прилично сум истрауматизирана цел живот и да, бесна сум, веројатно нема да настапам повторно само затоа што сум тврдоглава и ја кажувам мојата поента“, напиша таа.
Откако наиде на критики, Бритини објави уште еден пост, велејќи дека немала поента да ја навреди Кристина Агилера, ниту нејзиниот изглед.