Напишала писмо до Дизни, бидејќи не можела да се поистовети со ниту еден лик: Потоа го создадоа Енкантно

Напишала писмо до Дизни, бидејќи не можела да се поистовети со ниту еден лик: Потоа го создадоа Енкантно

Објавена во: Stars // Филм

Кога Ловри Мур, која цел живот носела очила, сфатила дека ниту една од хероините на Дизни не личи на неа, решила да го промени тоа. Со едно писмо, деветгодишното девојче испратило важна порака до светот.

„Постојат многу девојчиња кои носат очила и не сакам да се чувствуваат како јас“ - стоело во писмото.

Кога Ловри имала 9 години, ја прашала мајка ѝ дали може да напише писмо до Дизни. Сакала да праша дали може да снимаат филм со принцеза која носи очила.

Девојчето кажало дека „за жал, поголемиот број ликови кои носат очила се нарекувани бубалици, и мислам дека тоа не е фер“.

Ловри кажала дека го напишала писмото, бидејќи е единствена личност во семејство која носи очила.

„Се чувствував малку осамено и чувствував дека не сум доволно убава“ - додала таа.


Мајката на девојчето на својот Фејсбук објавила фотографија од писмото кое го напишала нејзината ќерка. Добила пораки и коментари од целиот свет, особено од луѓето кои се чувствувале исто како девојчето. Сирилин и Бред, родителите на Ловри, водат добротворна организација по назив „Операција Опра“, која нуди поддршка на децата ширум светот, па така ѝ помогнале на ќерката да го испрати писмото.

„Мислев дека тоа е толку брилијатна и единствена идеја - Ловри е многу чувствителна и се сочувствува со другите девојчиња, кои се помлади о днеа и кои можеби не се чувствуваат самоуверено со очила“ - кажа нејзината мајка за „Nottinghamshire Live“.

„Таа само сака да зборува во нивно име. Само сакам Дизни да го разгледа влијанието кое го имаат нивните ликови. Нивните продукции се многу важни во животите на младите луѓе кои сакаат да знаат, како што Ловри напиша во своето писмо, дека се убави без оглед на сѐ“ - додаде мајката.

Писмото било упатено до генералниот директор на Дизни, Роберт Игер, а потоа Дизни излезе со официјална изјава: „Дизни зазема посебно место во срцата на милиони луѓе... напите приказни се вонвременски, бидејќи се од срце. Дизни е посветен на создавањето ликови со кои сите деца можат да се идентификуваат.“ 

Додека Дизни во минатото прикажуваше женски ликови кои носат очила, главниот лик никогаш не изгледал така.

Денес, 12-годишната Ловри кажа дека е многу среќна што Дизни конечно создаде женски лик со очила и тоа во главна улога. Станува збро за најновата продукција „Енканто“, која беше објавена во ноември 2021 година.


Џаред Буш, кој го напиша и режира овој филм на Дизни, твитна дека кога Ловри испратила писмо до Дизни, компанијата веќе планирала да внесе ваков лик во цртан филм.

„Пред три години, Ловри му испрати писмо на Дизни барајќи хероина со очила. Сега ѝ се оствари желбата“ - напиша тој.

Ловри кажа дека го сака ликот Мирабел, кој е „забавен и храбар“.

„Бев толку среќна, дури и ако тоа не се случи поради моето писмо“ - беше искрено девојчето.

Ловри напишала книга за принцеза која носи очила и е амбасадор на добротворната организација која се занимава со вид. Кажа дека очилата се важен дел од нејзиниот идентитет.

„Навистина мразам кога не носам очила. Чувствувам дека моите очила се дел од мене“ - кажа таа.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: