Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила: Што му порача министерката Царовска на својот син?

Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила: Што му порача министерката Царовска на својот син?

Објавена во: Совети // School zone

Денес е првиот училишен ден. Учениците од денес го продолжуваат својот образовен процес. Дел од нив тоа ќе го прават од училишните клупи, а останатите со настава од далечина.

Учениците од прво до трето одделение, наставата ќе ја следат во живо, секако доколку нивните родители се согласни за тоа. Министерката за образование и наука, Мила Царовска денес го однесе својот син Давид на училиште. Тој денес го започнува третото одделение, а еве што му порача неговата мајка.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце, му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение. Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“ - напиша покрај фотографиите новата министерка за образование и наука, Мила Царовска.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: