Направи шокантна трансформација: Сања Вучиќ повеќе не е црнокоса (ФОТО)
Мала промена не е на одмет...
Пејачката Сања Вучиќ, поранешната „Ураганка“, од своето прво појавување на јавната сцена е црнокоса. Сега, откако ја започна соло кариерата, реши да направи мала промена.
Имено, Сања направи експеримент со фризурата, и својата долга црна коса, ја исфарба во модерна црвена нијанса за која полудеа многу дами ширум светот.
За ова, Вучиќ веднаш се пофали, а со нејзините последни фотографии ги „запали“ социјалните мрежи. Обожавателите се воодушевени со промената, а Сања доби многу коментари и од своите колеги.
Раперот Стефан Цвијовиќ Цвија помеѓу првите го пофали нејзиниот изглед, а потао и колешката Маријана Микиќ, по неа Сара Јо и Милица Тодоровиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм