Направи си пуканки и опушти се: Објавена е втората сезона од „Emily in Paris“

Направи си пуканки и опушти се: Објавена е втората сезона од „Emily in Paris“

Објавена во: Stars // Филм

Никогаш подраматична и поромантична...

По долгото, но навистина долгото очекување на втората сезона, Емили се враќа на екраните со своите красични драми, романси, мода и авантури од Париз. Новата сезона само што излезе, а оние кои веќе ја изгледаа имаат многу прашања. Доколку уште ја немате изгледано новата сезона, подгответе се, бидејќи одредени делови од овој текст би можеле да бидат како „спојлери“ за сезоната, пишува „Decider“.

Како што веќе знаеме, приказната ја следи младата експертка за маркетинг од Чикаго, која новата работа ја однесе во Париз. Таму поминува низ трње за да успее во работата и за да им се допадне на колегите. Запознава нови пријатели Камила и Минди, но и презгодниот сосед Габриел, кој воедно и е момче на Камила. Првата сезона завршува на начин што Габриел сепак не заминува во Нормадија и не ја прекинува врската, а хемијата помеѓу него и Камила се зголемува.


Да не ви откриваме премногу, еве неколку ситници кои треба да ги знаете. Во втората сезона Емили повторно е во искушение, бидејќи Габриел и Емили тешко ѝ одолеваат на романсата, а не сакаат да ја повредат девојката и пријателка. Шефицата на Емили од САД доаѓа во Париз и планира да ја преземе позицијата на која досега била Силви, по што одлучува да основа сопствена агенција и да поведе и Емили со себе.

Но, ѝ се нуди унапредување во САД и е во страшна дилема. Во втората сезона, таа запознава ново момче, кој би можел да го освои нејзиното срце. Но, не знаеме што ќе одлучи Емили. Дали ќе се врати дома или ќе остане во Париз? За кого ќе се одлучи кога е љубовта во прашање? Останува да се види во некоја, се надеваме, блиска иднина.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: