Нашата намера пред сѐ е да создаваме музика полна со различности: Браќата Арџиќ открија какво државјанство имаат и ставија крај на сите шпекулации
Давор и Давид Арџиќ се браќата кои го освоија регионот во музичкото натпреварување „IDJShow“. Уште кога се појавија на аудицијата ги освоија тенејџерките и собраа огром број обожавателки, а дека се навистина популарни говори и бројот на следбеници кои го имаат на социјалните мрежи.
Инаку, тие двајца неодамна ја објавија својата нова песна „Јованка“, во чиј спот на почетокот ја имаат ставено дел од македонската песна „Јовано, Јованке“.
Сето ова, им засмета на некои корисници на социјалните мрежи, па ги нападнаа браќата поради овој нивен чекор. Имено, тие двајца по нивниот татко се Срби, од кој добиле српско државјанство.
За сето ова за прв и последен пат се огласија на на социјалната мрежа Инстаграм, а во продолжение ви пренесуваме што кажаа:
„Ова е прв, а воедно и псоледен пат да се огласуваме на оваа тема. Ова е нашето државјанство, Српско. Татко по потекло од Србија, мајка Македонка. Ни стигнаа доста пораки дека сме ја погазиле македонската традиција затоа што во почетокот од спотот на нашата нова песна ставивме и дел од народната песна „Јовано, Јованке“. Нашата намера пред сѐ е да создаваме посебна музика, музика полна со различности, затоа што баш таквата музика е спој на традицијата и културата на Балканов. Нашата намера не е политика и политиката воопшто не не засега. Ние не сме воспитани така луѓето да ги делиме на расна основа и боја на кожа! Ако некој тоа го прави, тој си има проблем со самиот себе, а не со нас“ - напишаа браќата покрај објавата на која позираат со знамињата на Македонија и Србија.
фото: Принтскрин / Инстаграм