„Нашето прваче маче од другата страна на Земјата“: Синот на Хелена Роза тргнува училиште (ФОТО)
Познатата македонска водителка Хелена Роза веќе долги години живее во Нов Зеланд, каде основа семејство со нејзиниот сопруг Игор, кој е поранешен фудбалер.
Освен ќерката Кјара, која на јавноста ѝ е добра позната, Хелена го има со Игор го доби и синот Тиан, кој сега е во центарот на вниманието.
Овие вести ги сподели сестрата на Хелена, пејачката Ребека Јанковска Ристески, која на својот Фејсбук профил сподели семејна фотографија од Розга со семејството. На фотката Ребека позира заедносо нејзиниот сопруг, ќерка и син, а причината за оваа фотографија е тоа што малиот Тиан тргнува на училиште.
„Нашето прваче маче од другата страна на Земјата. Ептен недостигате“ - напиша Ребека во описот на фотографијата.
Хелена Роза веќе неколку години живее во Нов Зеланд. За животот таму, во неколку наврати Хелена истакнува дека е мирно и убаво место, и дека таму луѓето се позитивни и секогаш насмеани.
фото: Принтскрин / Инстаграм