Наскоро може да очекуваме нова опција на Инстаграм: Ќе може да испраќаме гласовни пораки на сторињата

Наскоро може да очекуваме нова опција на Инстаграм: Ќе може да испраќаме гласовни пораки на сторињата

Палуци сподели принтскрин од екранот преку кој прикажува како ќе изгледа новата опција...

Инстаграм неодамна ги воведе приватните лајкови како дополнителен начин за интеракција кога се сторињата во прашање. Сепак, изгледа дека компанијата наскоро би можела да воведе уште еден начин преку кој ќе може да одговорите на содржините кои ги споделуваат вашите пријатели.

Според зборовите на програмерот Алесандро Палуци, кој користи „обратно инженерство“ за да ги пронајде претстојните фунции во апликациите, Инстаграм работи на тоа да им овозможи на корисниците да испраќаат гласовни пораки како одговор на сторињата.

Пелуци сподели принтскрин од екранот на кој наизглед ја прикажува новата функција.


Кога Инстаграм ги воведе приватните лајкови на сторињата, кажа дека нивната мотивација е да се намали нередот во директните пораки.

Додавањето на опцијата за испраќање на гласовни пораки би било во спротивност со таа филозофија, но секако би овозможило на корисниците уште еден начин за меѓусебна интеракција.

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира: