Голема промена на Инстаграм: Еве како ќе бидат прикажувани реакциите на сторињата

Голема промена на Инстаграм: Еве како ќе бидат прикажувани реакциите на сторињата

Реакциите на сторињата досега ги гледавме во пораките, но тоа повеќе нема да биде така...

Инстаграм го менува начинот на кој ќе се реагира на нечие „стори“, па така реакциите повеќе нама да се појавуваат во пораки.

Имено, досега единствениот начин за да реагирате на нечие стори беше на таа личност да ѝ испратите приватна порака, без разлика дали станува збор за емотикон или текстуална порака.

Меѓутоа, сага тоа ќе се промени со новата опција во облик на „приватно лајкување“.


„Сега ќе може да ја лајкувате нечија приказна, а притоа да не испраќате приватна порака. Лајковите на приказните ќе останат приватни и нема да се бројат“ - објасни еден од поглавните луѓе на Инстаграм, Адам Мосери.

Објасни деак целта на ова е корисниците да можат меѓусебно да си реагираат на туѓите објави или да искажат поддршка, но и да се прочисти инбоксот со пораки, со тоа што ќе останат само оние важните.

фото: unplash.com

Можеби ќе ве интересира: