Наследничка е на највлијателната жена во светот на модата, а го избегнува јавниот живот: Ова е ќерката на Ана Винтур која не сака да биде позната
Светот одлично знае дека Ана Винтур важи за кралицата на модата, а нејзината ќерка Би Шафер не сака да бидел дел од јавниот свет...
Нејзиното мото е ред, работа и дисциплина, а непочитувањето на некои од овие правила објаснува зошто ја нарекуваат суштество од пеколот.
Главната уредничка на магазинот „Вог“, Ана Винтур важи за највлијателната и најмоќната жена во светот на модата, која управува со империја вредна повеќе од 100 милијарди долари.
Ја сметаат за амбициозна, жена со многу барања и перфекциониста, а за нејзиниот стил се пишува и зброува со години.
Таквиот успех бара појавување и присутност на многубројни настани, а за разлика од Ана, нејзината ќерка не сака да биде дел од јавниот живот.
Би Шафер ретко може да се види во друштво на мајка ѝ. Ги избегнува медиумските случувања и популарноста не ја интересира.
Сепак, кога ќе се појави, присутните ги засенува со својот моден стил, кој, без сомнеж го има наследено од својата мајка.
Верна е на класичните и елегантни модни комбинации, а многумина велат дека Би многу личи на Ана.
Ќерката на Ана Винтур е во брак со италијанскиот режисер Франческо Кароцини, а свадбената церемонија се одржа во Портофино, Италија во јули 2018 година.
Пред две недели на свет го донесе своето прво дете, момчето на кое двојката му го даде името Оливер.
Иако се труди својата приватност да ја држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека надвор од модниот свет и зад крутата надворешност, Ана Винтур поседува типична британска смисла за хумор.
Како мајка на две деца, често е ранлива и несигурна, додека нејзината претенциозност произлегува од срамежливоста. Ана сепак, таа страна од својата личност вешто ја прекрива.
Иако е омразена, често им помага на другите, има учествувано во многу хуманитарни организации, но и самата повеќе пати организирала настани на кои собирала голема сума на пари која ја проследувала во допротворни цели.
фото: Profimedia