Наследничката на Ацо Пејовиќ заврши магистерски студии во Шпанија: Пејачот е пресреќен, убавите вести ги објави на Инстаграм (ФОТО)
Магдалена Пејовиќ, ќерката на фолкерот Ацо Пејовиќ, ги заврши магистерските студии во Шпанија, а видеото од доделувањето на дипломите се појави во јавноста.
Наследничката на Пејовиќ заврши Факултет за организациони науки, а потоа се запиша на магистерски студии во Мадрид.
Магдалена се одлучи за менаџмент, а нема сомнеж дека татко ѝ е навистина горд поради тоа.
Имено, на Магдалена денес ѝ е и роденден, па гордиот татко на својот Инстаграм профил го сподели видеото од доделувањето на дипломата со овој опис:
„Среќен ти роденден, те бакнува тато. Горд сум на тебе“.
Пејачот во една прилика проговори за тоа како ги воспитува ќерките, како и дали се меша во нивните избори.
„Прегорд сум на тоа во какви луѓе израснаа Магдалена и Марија. Ива е уште девојче, но тие две се веќе возрасни личности. Освен фактот дека едната неодамна дипломираше, а другата е прекрасен студент по медицина, среќен сум кога ќе видам како се однесуваат во друштвото, какви личности сте, колку се омилени и како на совршен начин знаат да ја избегнат замката на јавноста во која децата на луѓето кои се занимаваат со јавна работа може да западнат“ - кажа Ацо во една прилика, па потоа додаде:
„Билјана и јас се трудевме да ги воспитаме на чесен начин, да им всадиме вистински вредности, јасно да разликуваат што е добро, а што лошо. Денес сме тука само да ги поддржиме нивните одлуки, бидејќи немаме потреба да им се мешаме во било што, тие се прекрасни млади дами“.
фото: Принтскрин / Инстаграм