Наследничката на Мила Јововиќ е копија на мајка си: Сите мислат дека се близначки, а откри и зошто на ќерките им дала машки имиња

Наследничката на Мила Јововиќ е копија на мајка си: Сите мислат дека се близначки, а откри и зошто на ќерките им дала машки имиња

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Актерката и модел Мила Јововиќ неодамна на својот профил на Инстаграм се пофали со фотографија со својата ќерка Евер.

Фотографијата на која позираат славните мајка и ќерка ги воодушеви следбениците на Мила, а фотографијата е направена кога и двете ја скратиле косата. 

„Нови фризури за мајка и ќерка“, опиша таа, наведувајќи ги сите оние што се одговорни за нивниот нов изглед на косата.

„Мини ти“, „Близначки“, „Многу сте убави, буквално близначки“, „Неверојатно, вие сте идентични“, „Близначки или мајка и ќерка?“, „Кој ве клонираше? “, се само некои од коментарите.

Имено, Мила Јововиќ минатата година стана мајка по трет пат.

Малата Осијан Ларк е најмладата девојка во семејството, по која следи Дашиел Едан, и најстарата Евер Габо.

Мила Јововиќ е во брак од 2009 година со 54-годишниот режисер Пол В. Андерсон, кого го запозна на снимањето на првиот дел од хитот „Resident Evil“.

Двојката одлучи на своите ќерки да им даде машки имиња, па Евер е шкотско име што значи личност силна како дива свиња. Името Габо е создадено со земање на иницијалите на имињата на бабата и дедото на Мила - Галина и Богдан. 

Евер зборува три странски јазици, англиски, француски и руски, вежба карате и ги обожава филмови за Хари Потер.


Фото: Инстаграм/Мила Јововиќ/Профимедиа

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: