Настапува само во концертни сали со мал капацитет: Оливија Родриго откри што се крие зад таа одлука

Настапува само во концертни сали со мал капацитет: Оливија Родриго откри што се крие зад таа одлука

Објавена во: Stars // Музика

Обожавателите на Оливија Родриго останаа разочарани минатата недела, кога нејзината турнеја „Sour“ беше распродадена за помалку од еден ден.

Таа ќе настапува ширум светот од април до јуни 2022 година и ова ќе биде прва нејзина светска турнеја. Како поддршка, со неа ќе настапат и Грејси Абрамс, Холи Хамберстоун и Бејби Квин, но многу луѓе нема да може да ја гледаат пејачката во живо. Причината за тоа е тоа што голем број од просторите кои Оливија ги закупила се мали.


Имено, Оливија на турнејата „Sour“ ќе настапува во амфитеатри и сали кои имаат капацитет до 5.000 луѓе, додека голем број сали ширум светот имаат капацитет за до 20.000 луѓе. На пример, повеќе од 40.000 обожаватели од Лондон чекаа да купат влезница за простор кој има капацитет за смао 3.500.

Оливија сега објасни зошто нема намера да настапува во поголеми простори, а причината е прилично логична. „Не мислам дека би требало да прескокнува ниту еден чекор во својата кариера“ - кажа таа, што значи дека сака како и останатите изведувачи, да започне скромно, а потоа да изгради име за да може да настапува во големи сали и на стадиони.

Пејачката додаде дека на турнејата ќе ја следи бенд кој го сочинуваат исклучиво жени, бидејќи тоа е нешто што немале прилика да го види додека растела.

Оливија наведе и дека веќе пишува музика за вториот албум, а во јануари продолжи со снимањето на серијата „Средношколски мјузикл“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: