Наставата на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува на 5 октомври
Новата учебна година на најдобро рангираниот универзитет во категоријата настава и учење според последната Шангајска ранг-листа, Меѓународниот Балкански Универзитет започнува во понеделник, 5 октомври. Поради новонастанатата ситуација и земајќи ги предвид околностите поврзани со пандемијата на корона вирусот, наставата за време на зимскиот семестарќе се одвива целосно онлајн.
Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) како одговорна високообразовна институција, за потребите на Универзитетот разви интегрирана платформа за е-учење наречена „Хело“ (Hello! OnlineSystem). На онлајн платформата се креирани преку 500 предмети од 17-те додипломски и 11-те постдипломски студиски програми. Оваа платформа беше креирана уште при крајот на месец март и истата се користеше и за следење на наставата за време на остатокот од летниот семестар од учебната 2019/2020 година. Центарот за онлајн настава при Универзитетот, преку кој се спроведува наставата на „Хело“ платформата, е опремен со најсовремени услови,сите потребни технолошки решенија за ваков неконвенционален, но модерен метод на настава, при тоа запазувајќи ги сите потребни мерки за претпазливост и заштита од КОВИД-19.
Новитет е и новоразвиениот систем за онлајн запишување на зимскиот семестарод академската 2020/2021 година. Запишувањетоќе биде отворено од 30 септември до 9 октомври. Процесот на регистрација ќе се одвива целосно онлајн, преку „Хело“ платформата, со цел да се избегне создавање гужви, блиски контакти и физичко присуство кое може да го загрози здравјето на студентите, кадарот и нивните семејства. Исто така, деталниот академски календар со распоред на предавања е веќе објавен на веб страницата на МБУ.
„Онлајн наставата, без физичко присуство на студентите, во моментов е со сигурност најдобра опција за сите. Во насока на зачувување на јавното здравје, менаџментот на Универзитетот донесе одлука за продолжување на досега успешната онлајн настава. Сакаме да им посакаме успешна учебна година на сите студенти и целиот академски кадар, со надеж дека што побрзо ќе се надмине кризата и ќе можеме повторно да се вратиме на регуларниот метод на настава, бидејќи ни недостасуваат нашите студенти“– велат од МБУ.
Досегашните уписи на нови студенти на Меѓународниот Балкански Универзитет покажуваат дека новата Програма за стипендии на универзитетот за академската 2020/2021 година, во комбинација со стручниот кадар и квалитетните програми и методи,носи вистински резултати.Аплицирањето за програмата за стипендии на Меѓународниот Балкански Универзитет ќе трае до 25 септември 2020 година. Според неа, ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда од средното училиште, добиваат целосна стипендија и овие идни студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Аплицирањето може да се врши онлајн.
До крајот на август, повеќе од300 студенти од земјата и од Балканскиот регион согласно нивниот успех од средно образование се здобија со стипендии.
Со запишување на МБУ засите матуранти кои сакаат да го продолжат високото образование на домашен универзитет,се нудат меѓународни стандарди,студии на англиски јазик, активни програми за размена на студенти со преку 200 универзитети во 40 земји од светот,одлични можности за практична работа и вработување по дипломирањето во најреномирани институции и компании и целосно нов универзитетски кампус во Скопје.