Наставничка на годината: Не им дава домашно и тврди дека нема да има подобри ученици од нејзините
Кортни Вајт, наставничка по англиски јазик во средно училиште во Тексас, не верува во домашните задачи, пишува Today.
„Никогаш немам дадено домашна задача во текот на својата кариера како наставничка“ - рече таа.
Кога објави видео на својот ТикТок профил, споделувајќи ја својата филозофија по ова прашање, не размислувала два пати. Видеото носи наслов: „Мора да бидете наставник кој не дава домашно“.
„Никогаш не би помислила дека моето видео ќе стане толку популарно. Оваа политика не е нова, само за неа не се зборува толку многу. Не сум прва наставничка која ова го применува во училница, па кога го снимив видеото мислев дека ќе биде глупаво“.
„Глупавото“ видео собра повеќе од еден милион прегледи и поттикна една жестока дебата.
@cmw1129 Students do enough work at school, they don’t need more at home! ##teachersoftiktok ##letmeintroducemyself ##fyp ##AirheadsDitchChallenge ##TimeforTENET
original sound - iAmJordi
„Нема докази дека домашното те прави подобар ученик. Го почитувам нивното време надвор од училницата. Во текот на целиот ден работат вредно. Нема потреба да одат дома и да пишуваат домашно. Доколку и да го направат дома, тоа не докажува дека тој ученик е генијалец. Тоа е екстра пракса, тоа е сигурно. Но, не е пракса доколку работите погрешно. Не е добра пракса, доколку ве мамат или доколку некој друг ја напиша домашната наместо нив. Некои од нив имаат работа, некои одат дома и се грижат за помладите браќа и сестри, некои сакаат само да спијат. Некои од нив се грижат дали ќе имаат што да јадат. Доколку им дадам и домашно, како ќе најдат време за да бидат деца? Кога ќе имаат време за да се опуштат?“ - се прашува наставничката.
Другото видео имаше повеќе од 4 милиони прегледи, а во коментири мислењата на луѓето се поделени. „Наставничка на годината“, „Не давате домашно, бидејќи кога би дале тоа значи повеќе работа за вас, за оценување“ - ова се некои од коментарите.