Наставници - ѕвезди водилки низ животот: Зошто ни се важни?

Наставници - ѕвезди водилки низ животот: Зошто ни се важни?

Објавена во: Совети // School zone

Денес се одржува Светскиот ден на наставниците низ целиот свет. Петти октомври, како ден на просветните работници започнал да се слави од 1994 година, а го основан од организацијата УНЕСКО. Целта на овој ден е да се пружи поддршка на просветните работници и да се осигура дека наставниците продолжуваат да ги задоволуваат потребните на идните генерации.

Во чест на овој ден ќе ве потсетиме зошто наставнците се важни во нашите животи и зошто често ги нарекуваме како наши ѕвезди водилки.

Тие се наше семејството, но некои од нив не познавале подобро и родителите. Јасно, строго и со чувство за правда, дури и тврдоглаво и хируршки точно ги откриваат нашите можности и потенцијали.

Повремено се немилосрдни, а потоа - токму кога е потребно - топли како мајчинска прегратка, тие нè туркаа во животот и нè штитат од случајни неправди. Некои од нив ќе исчезнат без трага од нашите животи, а повремено ќе ги гледаме на некои собири. Тогаш ќе сме среќни и благодарни доколку сè уште ни го паметат името, затоа што сме само капка во морето на неколку стотоци или илјадници деца кои поминале во нивните животи.

Улогата на наставникот е исклучително важна,а пренесувањето и всадувањето на знаење е само еден мал дел од тоа. Додека да тргнат на училиште децата живеат во свет составен од ограничен број на возрасни. Најчесто станува збор за семејството и пријателите чија работа е да ги опкружуваат со љубов и безбедност. „Сè е едноставно до училиште“, ќе речат многумина, бидејќи тие самите се сеќаваат на моментот кога одговориле на првото ѕвонче со несигурни чекори и неотповикливо ја напуштиле зоната на детска безбедност. Тие неколку чекори го означија влезот во возбудливиот свет, во кој секоја грешка има своја цена. Во таа едноставна, но болна пресметка, се учи за пријателствата, границите и функционирањето во заедница. Тоа е време кога почнуваме да собираме трајни лузни на колената, лактите, но и на душата. Кога учиме за соработка, но и за ривалство. Време кога постојано се креваме и паѓање без родителите да не бранат од сите реални и замислени опасности, кога со будното око на искусниот наставник почнуваме да се трансформираме во луѓе со карактер со одредени вредности и статови. И затоа се сеќаваме на некои наставници цел живот. За ова зборува и едно познато мото: „Наставникот не го предава она што го сака, не го предава она што го знае, туку го предава она што навистина е“.

Оценките навистина не играат улога во сето ова. Доколку го прашате наставникот и неговите ученици, тие веројатно и не би постоеле. На крајот на краиштата, тие имаат многу малку врска со будењето на интересот на детето за одредени теми и области. Препознавањето на интересот и давањето ветар во грб е најважната задача на наставникот за која многу важни научници, лекари и други професионалци денес не се откажаат од своите соништа. 

Доколку сакате да контактирате со нив, сигурно нема да направите грешка, затоа што дури и доколку се подолго време во пензија, не заборавјте - штом станат наставници, тие никогаш не престануваат да бидат тоа.

Затоа, денес одвојте малку време и честитајте им го на вашите наставници Светскиот ден на наставниците.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: