Наташа Беквалац е на летување со ќерките: Откри како уживаат на плажа со постарата наследничка (ВИДЕО)
Хана прво се сними себе, па Наташа, а во еден момент пејачката ја прегрна и бакна, по што ги разнежни сите...
Ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ со својата убавина привлекува големо внимание.
Наташа моментално е на летување со ќерките, а сега со следбениците сподели видео на кое таа и Хана уживаат на плажа.
Имено, ќерката на пејачката најпрво се снимаше себе и мајка ѝ на плажа, а потоа на сите во очи им падна нејзината неверојатна убавина.
Таа прво се сними себе, па Наташа, а во еден момент пејачката ја прегрна и бакна, по што ги разнежни сите.
„Вистинска убавица“, „Преубави сте“, „Иста Наташа“, „Не можам да верувам дека ова е онаа мала Хана“, „Има и на кој да биде волку убава“, „Љубовта помеѓу мајката и ќерката е најубава“ - се само некои од коментарите.
Како Хана и Наташа уживаат во летувањето, погледнете во продолжение:
фото: Притнскрин / Инстаграм