Научил француски за 17 дена: Сега советува како да ви успее тоа со кој било јазик
Трикови за учење на нови јазици...
Колку повеќе старееме, потешко ни е да учиме нови работи, особено нов јазик. Затоа многумина во зрелоста дури и не одлучуваат за овој потфат, иако постојат методи кои можат многу да го олеснат владеењето на странскиот вокабулар и граматика.
Најлесен и најбрз начин да успеете во тоа е секако да престојувате во земјата во која се зборува тој јазик, бидејќи на тој начин ќе ги апсорбирате работите од прва рака. И токму на овој совет се заснова техниката на бизнисменот Дејвид Бејли, кој на веб-страницата „Quora“ даде одговор на прашањето како на најлесен начин да научите странски јазик, пишува списанието „Тајм“.
Бејли успеал да научи француски јазик за само 17 дена, и тоа било доволно добро за секојдневен разговор. Тоа се случило уште во 2005 година, кога бил на посета кај пријател во мало француско село, каде што престојувал 17 дена и каде никој не знаел англиски. Со цел да го охрабри да учи, една пријателка одбивала да зборува англиски со него, па така со него разговарала само на француски јазик.
Тој воспоставил и дневна рутина што му помогнала да научи, а истата изгледала вака:
# Претпладне, околу час и половина до два пишувал точни и неточни глаголи на хартија, затоа што верувал дека ракописот е најдобра мнемониска техника.
# Секогаш кога имал можност, дури и додека пишувал глаголи, слушал аудио курсеви за учење француски јазик.
# Секое утро трчал од 45 минути до еден час во природа и слушал француска музика.
# Секојдневно разговарал со луѓе чиј мајчин јазик бил францускиот, колку и да му било тешко.
# Секој ден читал книга на француски јазик. Бејли советува да земете книга што веќе сте ја прочитале, по можност за деца, во која нема комплициран вокабулар.
# Најмалку еден час на ден, тој пишувал состави за себе, бидејќи заклучил дека секој пат кога ќе се сретне со некој нов човек, ќе мора да одговара на прашања од каде е, што прави, како му се допаѓа Франција ...
# Брзо научил помошните зборови кои се користат во разговор и кои немаат вистинско значење (alors, en fait и слични). Луѓето ги кажуваат во паузи помеѓу речениците и ќе ви затребаат доколку ви треба пауза во говорот.
По 17 дена, Бејли заминал во Париз, каде се сретнал со девојче во кафуле и започнал разговор со неа. Девојчето го прашало колку долго живее во Франција, а кога тој одговорил, се изненадила и му кажала дека помислила дека тој поминал најмалку една година во нејзината земја.
Можеби нема да станете експерт за јазик за толку кратко време, но овие совети сигурно може да бидат корисни ако одлучите да научите странски јазик без стручна помош.