Научниците тврдат: Едната баба секогаш ве сака повеќе

Научниците тврдат: Едната баба секогаш ве сака повеќе

Објавена во: Совети // Семејство

Доколку сте имале среќа да растете со баба и дедо тогаш знаете каква радост внеле во вашето детство.

Тоа сигурно се однесува на двете баби, но едно неодамнешно истражување тврди дека од една од бабите внуците добиваат малку повеќе емоции.

Во прашање е бабата по мајка, односно мајката на мајка ви, а се е објаснето со генетиката.

Бабите и дедовците делат 25% од ДНК со своите внуци. Внуците еднакво наследуваат гени и од родителите на таткото и мајката, а научниците тврдат дека бабите од страна на мајката имаат поголемо влијание на потомството.

Научниците велат дека секогаш постои посебна врска помеѓу внуците и бабите од страна на мајката, а тоа се објаснува со врската на Х - хромозомот.

Имено, баба од страна на мајката на децата им пренесува 25% од х - хромозомот на вниците, додека бабата по татко пренесува еден х - хромозом на женските внуци, а на машките преносот не постои.

Другата теорија се однесува на т.н. „татковска неизвесност“ која може да има големо влијание на грижата за внуците од страна на бабата и дедото по татко, бидејќи тие не се секогаш сигурни во растењето на сопствените деца, бидејќи тие не ги раѓаат сами.

Доколку гледате на долга патека сето ова може да има влијание на тоа да се намали грижата за внуците од страна на роднините од страната на таткото.

Од друга страна мајката е секогаш сигурна дека родила свое дете, што значи дека врската по нејзина страна е автоматска и посилна.

Теоријата која ја разви писателот, есеист и драмски писател Алехандро Јодоровски од Чиле, сугерира дека од сите баби и дедовци најмногу сме поврзани со бабите од страна на мајката.

Според неговата теорија, нашите гени може да „прескокнат“ една генерација и директно да се пренесе на внуците, што може да се докаже со фактот дека некои луѓе повеќе личат на своите баби и дедовци, отколку на нивните мајка и татко.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: