Наводно е откриена причината: Зошто раскинаа Тејлор Свифт и Џо Алвин?
Не знаеме како ѝ е на Тејлор, но обожавателите се многу тажни...
Никој не го очекуваше ова и веста дојде како бомба. Тејлор Свифт и Џо Алвин по шест години врска се разделија, а обожавателите на Тејлор одбиваат да веруваат дека ова е вистина. Се надеваа дека конечно ја има пронајдено љубовта за цел живот, но сепак не било така.
Овој викенд, обожавателите на Тејлор ги изненади веста за крајот на нејзината врска. Реакциите беа такви како Џо да ги оставил и нив. Иако врската ја држеа во приватност, обожавателите се поврзаа за нив и музиката која заедно ја создаваа во изминатите години. Тејлор немаше баш среќа во љубовта и сите се надеваа дека Џо е вистинскиот. По шест години врска, извор близок на двојката откри дека тоа е тоа.
Сѐ повеќе извори ја потврдуваат оваа вест и сите кои одбиваат да веруваат, за жал почнуваат да сфаќаат дека оваа разделба навистина се случила. А зошто? Што тргнало по зло? Извор близок до двојката за „Daily Mail“ ја откри причината која се крие во разделбата.
Најголемиот проблем во нивната врска бил тоа што низ годините приоритет била кариерата на Тејлор, а Џо и неговата кариера паднале во втор план. Таквите работи може да ја доведат врската до распад, кога едната страна повеќе се жртвува и прилагодува, отколку другата. Врската треба да биде во баланс, а нивната, кога е во прашање кариерата не била. На крајот тоа ги разделило. Истиот извор посочи дека Џо се обидува да успее во Холивуд како актер, но дека тоа не му оди од рака, додека на него сите гледаат како на „момчето на Тејлор Свифт“. Така тешко дека ќе може да создаде сопствено име, што му е цел и желба.
За време на пандемијата на коронавирусот им било многу полесно да ја балансираат врската со оглед на тоа што целиот свет функционираше малку поинаку. Кога сѐ се врати во нормала, разликите помеѓу нив станале сѐ повоочливи и не успеале да ја спасат врската. Се разделиле без никакви драми и останале во добри односи. Некои обожаватели забележаа дека Џо уште ја следи Тејлор на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм